ЛЕГО НИНЏАГО ФИЛМ

THE LEGO NINJAGO MOVIE

ninjago_poster

режија: Charlie Bean, Paul Fisher
улоги: Olivia Munn, Justin Theroux, Jackie Chan, Dave Franco

премиера: 21.9.2017
времетраење: 97′
земја: Данска, САД
жанр: Анимиран, акција, авантура

По големиот успех на Лего филм и на Лего Бетмен филм, Ворнер Брос ни носи нова возбудлива Лего Нинџаго авантура. Младиот Лојд (Зелениот нинџа) заедно со своите пријатели, кои се тајни војници, ќе се бори за градот Нинџаго. Под водство на мудриот кунг фу мајстор, Ву, ќе мора да се соочат со злобниот Гармадон, кој воедно е и татко на младиот Лојд. Во оваа епска борба меѓу таткото и синот, недисциплинираниот тим од современи војници ќе мора да научи да соработува заедно, за да ја ослободи својата вистинска моќ.