КВАДРАТОТ – (21.12.2017)

THE SQUARE

Square_Poster

режија: Ruben Östlund
улоги: Claes Bang, Elisabeth Moss, Dominic West, Terry Notary

премиера: 21.12.2017
времетраење: 142′
земја: Шведска, Германија, Франција, Данска
жанр: Kомедија, драма

Кристијан е почитуван куратор во музеј на современа уметност, разведен, но посветен татко на две деца, кој вози електричен автомобил и поддржува добротворни цели. Негова следна изложба е „Квадратот“, инсталација што ги повикува минувачите на алтруизам, потсетувајќи ги на нивната одлука како одговорни луѓе и сограѓани. Но понекогаш е тешко да ги исполните сопствените идеали: будалестиот одговор на Кристијан во врска со кражбата на неговиот мобилен телефон го вовлекува во срамни ситуации. Во меѓувреме, Агенцијата за односи со јавноста на музејот создава неочекувана кампања за „Квадратот“. Реакцијата е скандалозна и го става Кристијан, а и музејот, во егзистенцијална криза.