КОКО И ГОЛЕМАТА ТАЈНА – (23.11.2017)

COCO

coco_poster

режија: Lee Unkrich, Adrian Molina
улоги: Edward James Olmos, Benjamin Bratt, Alanna Ubach, Gael García Bernal

премиера: 23.11.2017
времетраење: 109′
земја: САД
жанр: Анимиран, авантура, комедија

И покрај семејната забрана за музика, која трае веќе со генерации, Мигуел сонува за тоа да стане врвен музичар како неговиот идол Ернесто де ла Круз. Во очајнички обид да го докаже својот талент, Мигуел се наоѓа во фантастичната, шарена Земја на мртвите, следејќи таинствен синџир на настани. Попатно го запознава шармантниот манипулант Хектор и тие заедно тргнуваат на величествено патување за откривање на вистинската приказна за историјата на семејството на Мигуел.