КОГА ДЕНОТ НЕМАШЕ ИМЕ

WHEN THE DAY HAD NO NAME

WHEN THE DAY HAD NO NAME_poster

режија: Teona Strugar Mitevska
улоги: Leon Ristov, Hanis Bagashov, Stefan Kitanovic, Dragan Mishevski, Ivan Vrtev Soptrajano, Igorco Postolov

премиера: 12.10.2017
времетраење: 93′
земја: Македонија, Белгија
жанр: Драма

Овој филм ја раскажува приказната за шест тинејџери. Милан и неговиот најдобар пријател Петар подготвуваат авантуристичка екскурзија со своите другари некаде на периферијата на Скопје. Тие се возбудени од претстојната ноќ на пиење и лудување пред раноутринската риболовна експедиција. Тие се типични тинејџери, полни со сексуални и романтични тензии и возбуда, вознемирени и оптеретени со пари и материјални нешта. Понекогаш се ѓаволести, понекогаш и ангелски; гладни за да бидат возрасни, а сепак со детско однесување. Во дисфункционални односи со своите родители, во семејства нарушени од транзициските маки, тие се генерација која расте растргната од социјална несигурност и сомнителни вредности. Нивната ноќ на луда забава е одбележана со несреќна посета на тинејџерка проститутка и целосно е превртена со ненадеен конфликт…