ИГРАЧ БРОЈ 1

READY PLAYER ONE

ready player one_poster

режија: Steven Spielberg
улоги: Letitia Wright, Olivia Cooke, Hannah John-Kamen, Tye Sheridan

премиера: 29.3.2018
времетраење: 140′
земја: САД
жанр: Акција, авантура, научна фантастика

„Играч број 1“ ја следи приказната за тинејџерот Вејд, кој своите денови ги поминува играјќи ОАЗИС. Вејд има желба да побегне од мрачниот свет во глобалната мрежа на виртуелната утопија, каде што корисниците водат идилични алтернативни животи. Кога ексцентричниот мултимилијардер и творец на играта, Џејмс Халидеј умира, во тестаментот своето богатство му го остава на тој што ќе победи во добро смислениот лов на богатство. Користејќи го својот аватар, Вејд во трка за богатството ќе мора да се спротивстави на моќните противници, кои нема да престанат да напаѓаат и во реалниот свет.