ХИТЛЕРОВИОТ ХОЛИВУД

HITLER’S HOLLYWOOD

hitlers hollywood_poster

режија: Rüdiger Suchsland
улоги: Hans Albers, Heinz Rühmann, Zarah Leander, Ilse Werner

премиера: 1.2.2018
времетраење: 105′
земја: Германија
жанр: Документарен

Филмот ја раскажува приказната за еден од најважните и драматични периоди во историјата на германското кино. Киното на Третиот Рајх било строго цензурирана индустрија и во исто време копнеело да прерасне германска фабрика за соништа. Меѓу другото, го продуцира и нацистичкиот блокбастер „Минхојзен“, по барање на Јозеф Гебелс. Оваа индустрија го воспоставува системот на ѕвезди во филмскиот свет и се служи со најновите маркетинг алатки.
Околу 1000 играни филмови биле произведени во Германија помеѓу 1933 и 1945 година, а само неколку биле отворено нацистички пропагандни филмови.
Во филмот ги гледаме овие филмови и луѓето зад нив. Како преку екраните успеале да бидат засадени во главите на гледачите стереотипите на „непријателот“ и вредностите за љубовта и омразата.