ХЕЛБОЈ

HELLBOY

режија: Neil Marshall
улоги: David Harbour, Milla Jovovich, Ian McShane, Penelope Mitchell

премиера: 11.4.2019
времетраење: 120′
земја: САД
жанр: Акција, авантура, фантазија

Ултимативниот антихерој Хелбој се враќа во одмаздничка мисија во Лондон, каде што древниот дух на злобната вештица се вратил од мртвите. Заробена и отфрлена пред неколку века, кралицата на вештерките се враќа во нашиот свет за повторно да донесе смрт и уништување. Само херојот со потекло од пеколот е во состојба да се соочи со заканата и да се бори со вештерката и нејзината војска. Неговите шанси ќе се зголемат кога ќе се дознае дека е наследник на моќта на самиот крал Артур.