ГОСПОД ПОСТОИ, ИМЕТО Ѝ Е ПЕТРУНИЈА

GOD EXISTS, HER NAME IS PETRUNYA

режија: Teona Strugar Mitevska
улоги: Zorica Nusheva, Labina Mitevska, Stefan Vujisic, Suad Begovski

премиера: 15.3.2019
времетраење: 100′
земја: Македонија, Белгија, Франција, Хрватска, Словенија
жанр: Драма

Во Штип, секој јануари, локалниот свештеник фрла дрвен крст во реката и стотина мажи се нурнуваат по него. Добра среќа и просперитет се загарантирани за оној што ќе го фати. Овој пат, Петрунија скока по крстот и успева да го фати крстот пред другите. Останатите натпреварувачи се бесни, како се осмелува една жена да учествува во нивниот ритуал? Се превртуваат небо и земја, но Петрунија цврсто стои на земја – таа го фати крстот и нема да го предаде.