ЏОН ВИК 3: ПАРАБЕЛУМ

JOHN WICK: CHAPTER 3 – PARABELLUM

режија: Chad Stahelski
улоги: Keanu Reeves, Halle Berry, Ian McShane, Laurence Fishburne

премиера: 16.5.2019
времетраење: 130′
земја: САД
жанр: Акција, криминалистички, трилер

Во новото продолжение на хитот од 2014, платениот убиец Џон Вик бега од две причини: распишаната потерница од 14 милиони долари и прекршувањето на основното правило на хотелот Континентал – „Не убивај во хотелот“. Управникот на хотелот му дава еден час пред убијците да тргнат по него и пред да му бидат забранети сите услуги и да го отсечат од сите други членови. Џон на секој можен начин ќе се обиде да го напушти Њујорк и да остане жив.