ЏОКЕР

JOKER

режија: Todd Phillips
улоги: Joaquin Phoenix, Robert De Niro, Zazie Beetz, Jolie Chan

премиера: 3.10.2019
времетраење: 121′
земја: Канада, САД
жанр: Криминалистички, драма, трилер

Секогаш сам во толпите, Артур Флек е човек што сака блискост. Но, додека чекори по улиците на Готам и се вози со јавниот превоз на непријателскиот град преполн незадоволство, Артур носи две маски. Едната ја носи за својата работа како кловн, а другата никогаш не може да ја симне. Тоа е маска што ја проектира во залудниот обид да се чувствува како дел од светот, а не како несфатен човек постојано поразуван од животот. Во желбата да засјае во какво било светло, ќе се обиде да биде стенд-ап комичар, но се чини како секогаш да е предмет на исмејување. Фатен во цикличното постоење меѓу апатија и грубост, Артур носи лоша одлука што ќе доведе до ескалација на неговиот внатрешен хаос.