ДИВАТА КРУША

THE WILD PEAR TREE

режија: Nuri Bilge Ceylan
улоги: Dogu Demirkol, Murat Cemcir, Bennu Yildirimlar, Hazar Ergüçlü

премиера: 14.2.2019
времетраење: 188′
земја: Турција, Македонија, Франција, Германија, БиХ, Бугарија, Шведска
жанр: Драма

Враќајќи се дома по дипломирањето, Синан одново мора да влезе во тешката семејна ситуација, со татко што е нервозен и тврдоглав и чијашто зависност од коцкање сосема ги има истенчено нервите на мајка му и сестра му. Тој се бори да се преориентира во семејната динамика, истовремено обидувајќи се да се соочи со следната фаза од неговиот живот. Планира да стане учител како татко му, но прво сака да заврши еден експериментален роман. Потрагата на Синан по значење и насока претставува основа за голем број долги и длабоки разговори, кои ја формираат емотивната и интелектуалната рамка на „Дивата круша“.