ЧОВЕК–ПАЈАК: ДАЛЕКУ ОД ДОМА

SPIDER-MAN: FAR FROM HOME

режија: Jon Watts
улоги: Tom Holland, Samuel L. Jackson, Jake Gyllenhaal, Marisa Tomei

премиера: 4.7.2019
времетраење: 129′
земја: САД
жанр: Акција, авантура, научна фантастика

Питер Паркер се враќа во филмот „Човек-пајак: Далеку од дома“ во следното поглавје за популарниот јунак. По големата битка со Одмаздниците и трагичниот пораз, на Питер му е потребно малку време за себе. Пријателскиот јунак од соседството им се придружува на своите најдобри пријатели на летниот одмор во Европа. Но, планот на Питер за мирен одмор бргу ќе пропадне, кога ќе разбере за нападот на мистериозните суштества, кои прават хаос по целиот континент.