ЧОВЕК ОД СЕНКА

VICE

режија: Adam McKay
улоги: Christian Bale, Amy Adams, Steve Carell, Sam Rockwell

премиера: 31.1.2019
времетраење: 122′
земја: САД
жанр: Биографски, комедија, драма

Филмот ја следи приказната за Дик Чејни – вашингтонскиот бирократ, кој стана еден од најмоќните луѓе во светот и потпретседател на владата Џорџ В. Буш.
Приказна зборува за Чејни (Кристијан Бејл) во период од педесет години и за неговото комплексно патување од руралниот Вајоминг, каде што работел како електричар, па сè до Вашингтон, каде што фактички беше претседател на САД. Ова е хумористичен, но исто така и мрачен и често вознемирувачки поглед на употребата и злоупотребата на институционалната моќ.