CINEDAYS 2020

CINEDAYS – филм на секое платно

CINEDAYS за првпат во септември, од 18 до 24.
Филмови на неколку локации во градот: Градски парк, МКЦ парк, Парк Ибни Пајко, како главни кинолокации.
Кино Влае, Парк Кисела вода, Кино Напредок, Кино Маџари, Дом на градежници „Кочо Рацин“ и кровот на ГТЦ, како потсетување на една друга реалност, кога Скопје имало многу повеќе киносали.

Фестивалот ќе биде реализиран со строго почитување на Протоколот за организација на настани (прилог бр 33), на сите фестивалски локации.

Бројот на посетители е ограничен, билетите се достапни online преку bileti.mkc.mk (го препорачуваме како начин на купување), како и на самите локации.

За содржината на овогодишниот фестивал, кликнете на CINEDAYS