ЧЕТИРИ РАЦЕ

FOUR HANDS

режија: Oliver Kienle
улоги: Frida-Lovisa Hamann, Friederike Becht, Christoph Letkowski, Agnieszka Guzikowska

премиера: 7.3.2019
времетраење: 103′
земја: Германија
жанр: Драма, трилер

Откако Софи и Џесика биле сведоци на едно свирепо убиство во нивното детство, Џесика ѝ ветила на својата помлада сестра Софи дека секогаш ќе ја чува, меѓутоа како што стануваат возрасни, ова станува опсесија. Сега, Џесика (28) страда од параноја и насекаде гледа закани кон неа и нејзината сестра. Додека пак Софи (26) сака да живее нормален живот без никакви стравови и без својата сестра. Сака да стане пијанистка и среќно да се вљуби. Кога сторителите на свирепото убиство ќе бидат ослободени од затвор по 20 години, Џесика се шокира и веднаш сака да им се спротивстави. Но, за несреќа целата ситуација се менува. Ветувањето на Џесика дека секогаш ќе ја чува помалата сестра се претвара во кошмар.