БАЛЕРИНАТА И ВИКТОР

BALLERINA

ballerina_poster

режија: Eric Summer, Éric Warin
улоги: Elle Fanning, Dane DeHaan, Maddie Ziegler, Carly Rae Jepsen

премиера: 5.1.2017
времетраење: 89′
земја: Франција, Канада
жанр: Анимиран, авантура, семеен

1879 година, Фелиси, сиромашно сираче што сонува да стане балерина, но нема ниту еден ден тренинг, бега од домот за сираци од руралната Бретања и оди во прекрасниот Париз, заедно со нејзиниот пријател, Виктор. Еден ден тие се разделуваат, кога  Виктор ќе почне да работи на Ајфеловата кула, а Фелиси оди на аудиција во Париската опера и балет, каде што се соочува со препотентната Камели. Без техника, но со голема енергија и решеност, Фелиси напредува со помошта на една поранешна прима балерина. Нејзината мотивираност и напорна работа ќе го претворат нејзиниот сон во реалност.