АВАНТУРИТЕ НА НЕЛИ

NELLY’S ADVENTURE

nelly_poster

режија: Dominik Wessely
улоги: Flora Thiemann, Julia Richter, Kai Lentrodt, Hagi Lacatus

премиера: 8.6.2017
времетраење: 97′
земја: Германија
жанр: Авантура

Тринаесетгодишната Нели заминува на одмор со своите родители во Романија. Кога таа случајно дознава за планот на своите родители да се преселат таму, семејното патување скршнува во драматична насока. Сакајќи да ја избегне својата судбина, Нели запаѓа директно во рацете на група киднапери. Нивниот водач е бескрупулозен германски инженер кој прави завера да го уништи проектот на таткото на Нели со тоа што го присилува семејството да замине од државата. Тогаш родителите на Нели со помошта на мистериозниот господин Холцинер, започнуваат очајна потрага по својата ќерка. Нели, во меѓувреме,се спријателува со Тиби и Роксана кои стануваат нејзини сојузници во бегството. Заедно, бегајќи, тие ќе преминат планини и реки, ќе се качат во воз што се движи, ќе „позајмат“ автомобил и ќе станат херои на денот!