АЛИТА: БОРБЕНИОТ АНГЕЛ

ALITA: BATTLE ANGEL

режија: Robert Rodriguez
улоги: Mahershala Ali, Rosa Salazar, Eiza González, Jennifer Connelly, Christoph Waltz

премиера: 14.2.2019
времетраење: 122′
земја: САД, Канада, Аргентина
жанр: Акција, авантура, романса

Кога Алита ќе се разбуди, не се сеќава која е, ниту пак го препознава светот во кој се наоѓа. Сѐ ѝ е ново, секое искуство ѝ е прво. Додека учи да управува со својот нов живот и со улиците на Ајрон Сити, Иро се обидува да ја заштити од нејзиното мистериозно минато, додека нејзиниот нов пријател од улицата, Хуго, се обидува да ѝ помогне да се сети на минатото. Меѓу нив се развива сѐ посилна привлечност, додека смртоносните сили не дојдат по Алита и почнат да ги загрозуваат нејзините новосоздадени односи.