CineDays 2014

   
 

ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА ЗМЕЈ

The Girl with the Dragon Tattoo -  aкција, драма, мистерија – САД – 158 минути

Режија: Дејвид Финчер
Улоги: Даниел Крег, Руни Мара, Кристофер Пламер

Пред четириест години, Хариет Вангер исчезнува од традиционалното семејно дружење на островот што го поседува моќниот клан Вангер. Нејзиното тело никогаш не е пронајдено, а нејзиниот вујко е убеден дека нејзиниот убиец е член на неговото поврзано, но дисфункционално семејство.
Тој го најмува новинарот Микел Бломквист и тетовираната, проблематична, но спретна компјутерска хакерка Лизбет Саландер за да го истражат целиот случај. Кога ќе го поврзат исчезнувањето на Хариета и бројните гротескни убиства од пред четирисетина години, почнуваат да ја откриваат мрачната страна на семејството Вангер. Но Вангерови се моќен клан и Блмквист и Саландер ќе мораат на своја кожа да почувствуваат колку се подготвени да отидат далку за да се заштититат себе си и семејните тајни и интриги.